Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк, можат да се пријават и бруцошите
Министерството за образование и наука го објави повикот за субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Освен тековните студенти, можат да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние граѓани кои во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет.
За нив, во соработка со високообразовните установи до 20 септември ќе се проверува дали се примени како редовни студенти.
Условите и критериумите за остварување на правото се наведени на следниот линк. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот Е-услуги.
-Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството – се наведува во соопштението.
Финансиската поддршка во износ од 140 денари дневно е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Повикот е отворен до 5 септември.
Дума.мк