Во тешка сообраќајка на патниот правец Битола- Прилеп загинаа двајца мажи

Објавено на 22 февруари, 2023 во 12:45

Загинатите се прилепчанец и државјанин на Норвешка. Сообраќајната несреќа се случила вчера, 21 февруари. Во 15.57 часот во СВР Битола пријавено е дека на патниот правец А3 Битола – Прилеп случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило марка “цитроен ксара” со прилепски регистарски ознаки управувано од П.В.(44) од Прилеп и патничко возило марка “цитриен ц1” со битолски регистарски ознаки управувано од З.Р..(64) државјанин на Норвешка и сопатник A.E.(49)од Норвешка.

Во незгодата од повредите на лице место починати се двајцата возачи,а сопатничката A.E.се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а на лице место присутен бил и јавен Обвинител, пишува веб порталот Апла.мк.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.