Во земјава присутни се два до три соеви на коронавирус
Објавено на 15 јули, 2021 во 09:35
Во Македонија, 207 случаи на коронавирус се активни, а министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека се присутни два или три соја на вирусот, додавајќи дека вакцината функционира против на сите соеви.
-Вакцинацијата и превенцијата се однесуваат на сите соеви. За колективен имунитет, треба да се вакцинираат помеѓу 70 и 85 проценти од населението. Се проценува дека до крајот на јули околу 500.000 луѓе ќе бидат вакцинирани со една доза и приближно толку ќе бидат ревакцинирани, додаде Филипче.
Тој најави дека во случај на ширење на инфекцијата наесен, може да се воведат нови мерки за ограничувања.