Временска прогноза: Дожд и ветер со намалени температури

Објавено на 16 октомври, 2023 во 09:14

Претпладне ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје во утринските часови со врнежи од дожд, а преку денот променливо облачно и ветровито. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Како што најави Управата за хидрометеоролошки работи, и утре ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за повеќе од десет степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.