Временска прогноза: Летни температури нема, и понатаму ќе биде невообичаено ладно за месец мај!

Под влијание на ладен и влажен воздушен бран од север и од североисток, денешниот ден,недела 25 мај, во Македонија ќе биде многу ладен и дождлив на територијата на целата држава. Локално, особено во јужните и во источните предели врнежите ќе бидат обилни. Во овие предели ќе наврнат нови над 20/30 литри дожд на метар квадратен, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
„Поради пад на температурте, на планините со надморска височина од над 1600/1700 метри ќе има повремени врнежи од снег, со што можно е формирање на помала снежна покривка.
И во Скопје и околината денешниот ден ќе биде дождлив и ладен.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Температурите ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени додека во Скопје до околу 15 степени.
Потпросечните температури на воздухот ќе се задржат и во периодот од понеделник 26 мај, до недела 1 јуни. Понеделник, 26 мај, ќе биде претежно стабилен и сув ден, додека ново дестабилизирање на атмосферата и нови врнежи ни следуваат веќе од вторник, 27 мај,“ додава Поповски.
Дума.мк
