Временска прогноза: Сончево и многу топло, со максимални 39 степени

Објавено на 21 август, 2023 во 08:14

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР. Ќе дува умерен, a на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени, а максималната ќе достигне 39 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во текот на неделата не очекува претежно стабилно и многу топло време, а дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени.

Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од четврток ќе се зголемат условите за попладневна нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.