Временска прогноза: Сончево со максимална температура до 28 степени

Објавено на 27 септември, 2023 во 09:05

Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а во јужните делови повремено со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 17 степени, а максималната ќе достигне 28 степени.

Во Скопје времето ќе бидде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Следува период на стабилно време со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.