Временска прогноза: Сончево со умерена облачност

Објавено на 10 октомври, 2023 во 08:06

Времето, во најголем дел од земјава, сончево со умерена облачност. Наместа облачноста повремено ќе се зголемува, а попладне во западните делови и во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 27 степени.

Од утре ќе продолжи стабилно време со студени утра, а релативно топло преку денот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.