Времето денеска сончево со мала локална облачност
Објавено на 20 мај, 2022 во 09:29

Времето денеска сончево со мала локална облачност, наутро посвежо, преку денот топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринава минималните температури ќе бидат повторно пониски за овој дел од годината и ќе бидат во интервал од 2 до 10 степени.
Следува период на постабилно време. Дневните температури особено од утре ќе бидат значително повисоки и на повеќе места ќе надминуваат 30 степени.
Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи ќе има во недела од пладневните часови, а послаба нестабилност се очекува и од почетокот на следната работна недела.
