Лажни органски јајца во Германија!
По скандалот со коњското месо во Европа,во Германија е на повидок скандал со лажни органски јајца.
Од состанокот во Брисел,министрите за земјоделство, препорачуваат дека здравјето на луѓето не е загрозено но бараат подобра контрола и обележување на храната на пазарот.
Дека патот по кој прехранбените производи одат од производителите до потрошувачите е замрсен потврдуваат и најновите случувања со јајцата во Германија.
Како што пренесува РТС, властите во земјата покренале истрага против земјоделските стопанства,осомничени дека продавале јајца со ознака „органски производ“ иако не ги исполнувале критериумите.
Министерот за земјоделство на покраината Долна Саксонија Кристијан Мејер смета дека би требало да се воведат по строги казни за тие кои го прават тоа, за потрошувачите да бидат сигурни дека не биле измамени.
Пред две години во Германија беше откриен отровен диоксин во јајцата и месото,па властите затворија повеќе од 700 земјоделски фарми,кои за исхрана на животните користеле храна затруена со диоксин.
Министерката за земјоделство на Германија, Илзе Ајгнер вели дека на прв поглед е во прашање само измама и изигрување на законот./Б.Н.Т
Извор:РТС