Ако била затруена пченицата дали сме јаделе и канцерогено брашно!?
Нема најави за испитување на српското брашно што се продава во земјава, за евентуално присуство на олово. И покрај тоа што резултатите од супер анализите покажаа дека кај три од пет пратки од увезената српска пченица е утврдено зголемено присуство на олово, од Агенцијата за храна и ветеринарство не најавија вакви испитувања за увозното српско брашно, објави Фактор.
По случајот со зголемено присуство на афлатоксинот М1 во дел од српските млека, сега кај граѓаните лебди прашањето, зошто резултатите за увозната српска пченица се соопштуваат после еден месец и дали навистина ниту грам од оваа пченица не завршила во брашно или крајно, во производство на леб. Мелничарите не само сега, туку и претходно предупредуваа да се зајакнат контролите на увозното брашно.
Итно да се бара контрола на брашното?
Последно тие, по првичните информации дека во земјава влегла пченица со олово, побараа итно да се испита и увозното српско брашно, бидејќи доколку тешки метали има во пченицата, тогаш можно истите да ги има и во српското увозно брашно.
„Истите контроли да се направат итно и кај српското брашно. Исто така треба да се направи и соработка и контроли кај фирмите увозници и фирмите извозници, да се дојде до вистинската трага, за да нема дополнителни штети и по компаниите и по граѓаните. Бидејќи, нашите фирми увозници не се виновни што пратката од Србија имала зголемено количество на тешки метали,“ изјави пред еден месец Николчо Ѓорѓиев, претседател на мелничко-пекарската групација во Стопанската комора на Македонија.
Текстот, во целост, е објавен на Фактор.мк.
