TELOLET Близначки од Италија го прославија својот 100-ти роденден, заедно наполнија 200 години - ДУМА.мк

Близначки од Италија го прославија својот 100-ти роденден, заедно наполнија 200 години

Објавено на 27 јануари, 2023 во 10:19

Италијанките Франческа и Марија Рикарди, сестри близначки, заедно го прославија 100-тиот роденден.

Тие живеат во малото гратче Анзано ди Пуља во италијанската провинција Фоџа.

Во видеото објавено од Ројтерс на Твитер, сестрите се гледаат како седат на маса со торта со бројот 200, за нивните 200 години заедно.

На прославата присуствуваа неколку луѓе.

Франческа и Марија заедно имаат дури 50 внуци.

Франческа им рекла на новинарите дека никогаш не очекувала да живее толку долго.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.