Анџелина Џоли и Брет Пит се разделија

Објавено на 27 октомври, 2012 во 19:24

Најпоуларниот холивудки пар најверојатно нема да ја доживее својата долго очекувана свадба. Според пријатели блики на актерите, Анџелина била многу љубоморна и постојано се расправала со Бред за преголемата употреба на дрога и алкохол. Поради тоа таа стравува дека тој ќе ја изневери, при што имале огромна караница која придонела за Бред да го напушти семејниот дом во Франција.

Иако Бред постојано кажува дека не се дрогира, Анџелина знае дека тој повремено зема опојни дроги и пие алкохол. Тие конечно имаа голема расправија за ова и тој го напушти нивниот семеен дом, изјавил близок извор на парот.

Џоли често барала од Пит да оди во клиника за одвикнување од зависности со што сакала да се заштити себе но и нивните деца. За време на потготовките на свабата која најверојатно нема да се случи таа му поставила ултиматум: Или дрогата, или јас!

Времето ќе покаже што одбрал Бред, а на фановите останува да чекаат и да се надеваат дека свадбата навистина ќе се случи. Надежта последна умира, нели ?

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.