Лејди Гага на Сафари !
Популарната Лејди Гага која своите фанови ги нарекува „мали чудовишта“ сега навистина запозна „чудовишта“. Всушност, пејачката се дружела со 12 лавови и тоа го споделила со своите фанови на Фејсбук и Твитер.
Sвездата уживаше во гламурозно сафари во Јужна Африка. Лејди Гага се соедини со природата и уживаше во преубавиот национален парк на југот на Африка.
Со зелена сафари шапка на главата, преку долгиот којнски реп, шал од свила со леопардски принт и големи златни обетки со зелен камен, моментално најголемата светска музичка атракција уживаше во еднодневниот излет.
Позади пејачката се гледаат и лавови, Гага твитна дека само на десет метари од неа лежеле ни помалку ни повеќе туку точно 13 лавови.
„ Поминав околу 30 минути со овие прекрасни животни. Лавовите во еден момент се разбудија сакајќи да ни се придружат,“ напиша Гага.
Пејачката пред една недела имаше концерт во Јоханезбург, како дел од својата светска турнеа, а пред неколку дена одлучила да се одмори во овој град.