Брајан Адамс доби втора ќерка!
Објавено на 16 февруари, 2013 во 11:35
Познатиот музичар Брајан Адамс (53) на својот Фејсбук профил објави дека добил втора ќерка.
Девојчето е родено во Лондон, а името Лула Росила, на сленг значи шолја чај.
– Лула Росила стигна точно на една чајанка. Името Лула потсетува на песната „Be-Bop-A-Lula“ на Џин Винсент од 1958 година, објави Брајан на Фејсбук.
Канадскиот музичар во бракот со Алисија Грималди веќе има двегодишна ќерка Мирабел Бани. Името девојчето го доби по празникот на кој е родена, Велики Петок.
Новиот член на семејството Адамс продолжува со традицијата и малата Лула доби несекојдневно име полно симболика.
