Кантри ѕвездата Минди МекКреди пронајдена мртва!
Објавено на 19 февруари, 2013 во 17:11
Проблематичната кантри музичка ѕвезда, Минди МекКреди која се прослави со нејзиниот деби албум Ten Thousand Angels во 1996 год. е пронајдена мртва на терасата од нејзиниот стан.
37-годишната пејачка имаше доста проблематично минато, и таа повеќе пати се обидуваше да си го одземе животот, а вчера е пронајдена мртва на нејзината тераса во станот. Според полицијата станува збор за самоубиство, таа со пиштол си пукала во себе. Семејството е информирано за случајот а нејзиното тело е пренесено на обдукција.
Овој период за неа беше еден од најтешките, од причина што нејзината сродна душа, нејзиното момче, музичкиот продуцент Дејвид Вилсон, беше пронајден мртов токму на истата тераса.
