Адел и Бијонсе ќе и пеат на Мишел Обама
Објавено на 11 март, 2013 во 21:15
Првата дама на САД, Мишел Обама планира на 17 ти јануари следната година да организира голема забава на која ќе учествуваат многу познати личности, помеѓу кои ќе се најдат моментално најпознатите две пејачки имиња, Бијонсе и Адел.
Повод за прославата е 50 годишниот роденден на сопругата на американскиот претседател Барак Обама. Како што пренесуваат странските медиуми, Адел и БИјонсе се омилените пејачки на првата дама на Америка, која инсистира на нивното присусто. Британската пејачка, од неодамна и оскаровка, ја прифатила поканата, многу задоволна што ќе пее во Белата куќа.
