Тамара Еклстон ќе позира за Плејбој

Објавено на 12 март, 2013 во 18:14

Тамара Еклстон, богатата наследничка и ќерка на челникот на Формула 1 Берни Еклстон, ќе се најде на насловната страна на списанието Плејбој.

Таа веќе го сними едиторијалот во Лос Анџелес, а насловната страна ќе се појави во мај.

– Тамара е многу горда на своето тело и сака да ги слави своите облини. затоа верува дека ова е добра можност за тоа, а едиторијалот е направен по примерот на трендовите од 50-те години на минатиот век, наведе извор близок на оваа убавица.

За овој потег таа ја има поддршката и на својот вереник Џеј Ратланд и на своето семејство.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.