Грешка која ќе ја уништи секоја врска!
За прекинување на врската секогаш е виновна другата страна, но запрашајте се можеби вие сте тие кои грешите во врската. Пронајдовме грешки кои ќе ја уништат секоја врска, па обидете се да ги избегнувате.
Ако се преправате дека во вашата врска се е во ред , а не е, тоа е една од грешките која ќе ја уништи врската,бидејќи спротивниот пол не може да ги прочита вашите мисли и вие се лутите поради тоа.
Никој не сака да го критикуваат, па без разлика што вашиот партнер ќе ја премолчи вашата критика,кога ќе ве остави немојте да жалите.
Комуникацијата е многу важна во секоја врска,но ако таа е нејсна тоа е исто како да ја нема.Кога разговарате со партнерот немојте да заобиколувате , отворено кажете му што ве мачи.
Не мора вашиот партнер да знае се за вас и за вашите поранешни врски.Некои работи мора да ги задржите за себе, без разлика дали се добри или лоши. За такви разговори постојат пријателите.
Немојте да го заборавате вашиот партнер. Обидете се секој ден да му покажете дека ви недостига.Доволни се мали нешта за да се почувствува посебен .
Врската не ја прави една личност, туку двајца. Поради тоа не можете вие сами да одредувате во кој правец ќе оди вашата врска. Морате да учествувате заедно во одлуките,инаку вашата врска ќе пропадне.
Ако вашиот сакан има слаби точки за кои знаете, никогаш не смеете да ги искористите во своја корист со цел да го посрамотите.Никогаш нема да ви го опрости тоа ни да го заборави, а можете да очекувате дека наскоро и ќе ве напушти.
