ДНК го претставува новото „Срце“
Објавено на 21 мај, 2013 во 15:27
Салонот на Рено на Аутомотив Груп оваа среда (22-ри мај) ќе биде местото на случување на промоцијата на новиот албум на Р&Б дуото ДНК насловен „Срце“. Продуцент на ова музичко парче е Лазар Цветкоски, а Панчо се јавува како автор на музиката и текстовите на сите песни од албумот.
Ова е нов албум на Р&Б дуото ДНК по три години пауза, откако го објавија нивниот последен албум „Кажано е сè“.
Издавач на новиот албум „Срце“ е Пасворд Продукција./В.Р
