Фустаните на принцезите на Дизни на аукција
Објавено на 23 октомври, 2013 во 11:32
Десет фустани инспирирани од цртаните на Дизни ќе бидат ставени на аукција на 13 ноември во Лондон.
Организаторот на лицитацијата ,аукциската куќа Кристи,наведува дека оваа ексклузивна колекција ја креирале некои од најголемите модели на денешно време како Valentinо, Oskar de la Rentа и Elija Saba.
Почетната цена на фустаните е 3.000 фунти (3.600 евра), а целиот приход од аукцијата е наменет за реновирање на детската болница Grejt Ormond во Лондон.
Компанијата Дизни веќе со години ја подржува оваа здравствена институција. Самиот Волт Дизни дури и ја посети во 1951 година.