Колку чини најскапото кафе на светот ?

Објавено на 17 септември, 2014 во 06:33

Многумина од нас не можат ни да си го замислат денот без кафе. Кој од навика, кој од ритуал, кафето е веќе долги години најпопуларен пијалок на светот.

Но, дали некогаш сте се запрашале каде се произведува најскапото кафе на светот? Колку тоа чини и што го прави толку скапо?

Најскапото кафе на светот не се произведува во Бразил ниту на Јамајка, туку во Индонезија. Наречено е Kopi Luwak, а, е единствено заради процесот на добивање на зрното.

Имено, локалното животно Азиска Палма Мачка (Asian Palm Civet) која е слична на ласицата, јаде сирови црвени зрнца кафе, и тоа го јаде само надворешниот слој, а зрното го исфрлува од телото преку изметот.

Откако ќе се прочисти изметот на животното се одбираат оние зрнца кафе кои се обработуваат понатаму.

Името на кафето доаѓа од: „Kopi“ – индонезиски збор за кафе и „Luwak“ локално име за споменатото животно. Наводно желудочните сокови ја извлекуваат горчината од кафето и тоа добива специфична арома.

Лажичка од ова кафе ќе ве чини 40 евра, а половина килограм чисто кафе во зрна чини околу 475 евра.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.