Девет вистини кои ќе го сменат вашиот живот

Објавено на 10 октомври, 2014 во 06:33

Не заборавајте на она што е навистина важно. Дали кавгата со колегите на работа или вашиот партнер значи крај на светот? Или неодговорениот повик? Кога имаме лош ден, често поминуваме многу време анализирајќи ги ситуациите, наместо да се запрашаме дали тоа е навистина важно. Не губете време на ситните нешта за кои што знаете дека ќе се поправат, уште наредниот ден.

Во ред е да посакате да сте сами,оддалечени од остатокот на светот. Некогаш треба да направиме чекор назад, да евалуираме одредена ситуација, пријателство или врска, или едноставно животот, генерално. Дозволете си го тоа себеси, да се одалечите од светот, решавајќи ги сопствените проблеми и прашања. Дури и кога не ве мачи ништо, имате право да поминете квалитетно време, сами.

Не можете секогаш да имате сé под контрола. Не можете да планирате или да предвидите како ќе се развиваат одредени работи, во вашиот живот. Некогаш доволно е да оставите работите да се решаваат и одвиваат, сами по себе. Ирелевантно е што другите мислат за вас. Често сме робови на другите мислења. Уште почесто, сме несреќни обидувајќи се да ги усреќиме другите, наместо себе. Направете го тоа што морате, луѓето и онака ќе зборуваат.

Не се откажувајте. Доколку се борите за нешто што ви значи, не се откажувајте на првата пречка. Потсетете се зошто се борите и колку ќе ви значи доколку успеете да го остварите посакуваното. Не морате да ги знаете сите одговори. Никој не ги знае. Потребно е да учиме и да растеме со наученото. Понекогаш животот е неразбирлива мистерија за сите.

Живејте во сегашноста. Обидете да не размислувате за минатото, минатите одлуки и настани. Или, пак да се грижите за иднината. Живејте ден по ден

Чувствата нема да ве убијат. Знаеме дека раскинувањата, депресијата и неуспесите ви даваат чувство како да не можете да дишете, но тоа е само привремено. Уживајте во сите мигови кои ги носи животот.Не се плашете од себеси и од она што го чувствувате. Имате сила да преживеете сéшто ќе ви приреди животот.

Вие сте човечко суштество. Ова е најголемиот потсетник. Ќе правите грешки, ќе бидете повредени и ќе ги повредувате другите.Нема секогаш да сте среќни и расположени. Потсетете се дека сте несовршени, како и сите други.Правете грешки, но учете од нив.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.