Стојанче Стоилов „Маж на годината“

Објавено: 22 ноември, 2019, во 09:49 часот

stoilov fin

Традиционалната манифестација „Маж на годината“ на Македонија ги објави резултатите од изборот за оваа 2019 година.

Според гласовите на социјалните мрежи, годинава титулата оди во рацете на капитенот на европскиот ракометен шампион Вардар, Стојанче Стоилов.

Признанието македонскиот репрезентативен пикер ќе го добие на свеченоста која треба да биде организирана следната среда во хотелот „Дабл Три бај Хилтон“ во Скопје.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.