Кои се најчестите грешки кои се прават при уредување на домот?

Објавено на 6 април, 2021 во 07:09

design home

06.04.2021

Каде и да одиме, дома ни е најубаво. За да вистински уживате во вашиот дом, послушајте ги овие совети и дознајте кои грешки најчесто се прават при уредување на домот.

Секој сака да го уреди својот дом според својот вкус. Меѓутоа, понекогаш треба да ги послушате и добронамерните совети на стручњаците.

Тепих

Ако тепихот е мал во однос на големина на собата или мебелот, тогаш нема да изгледа убаво. Затоа изберете поголем тепих кој совршено ќе ви се вклопи во собата.

Ја блокирате дневната светлина

Дневното светло ја освежува собата, но ни дава енергија на целото тело. Затоа е важно да не ставате растенија или украси на прозорецот за да не ја блокирате светлината.

Може да ставите мали кактуси, а останатите растенија да ги ставите на ѕидот во кујната.

Бели ѕидови

Доколку имате мала соба со малку дневна светлина – не треба сите ѕидови да бидат бели.

Може да бојадисате барем еден ѕид во некоја друг светла нијанса, а најдобро е тој ѕид да биде близу прозорецот за да биде во контакт со природно светло.

Уметнички слики

Големината на уметничките слики треба да биде прилагодена според големината на ѕидот.

Колку е поголем ѕидот, сликата би требало да биде уште поголема за да изгледа убаво. Може и да ставите повеќе помали слики.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.