Криптовалутите сега заедно вредат повеќе од најбогатата компанија на светот, која е таа ?

Објавено на 15 април, 2021 во 07:26

crypto currency background with various of shiny silver and golden physical cryptocurrencies symbol coins bitcoin ethereum litecoin zcash ripple stockpack adobe stock 1597x1065

15.04.2021

Пазарот на криптовалути достигна вредност која е поголема од највредната компанија на планетата.

Комбинираната вредност на сите валути во моментов изнесува нешто преку 2,2 билиони долари, што е за 10 милијарди долари повеќе од најбогатата светска компанија, технолошкиот гигант „Епл“. Истовремено, криптовалутите вредат повеќе од гигантите во платежниот бизнис „Мастеркард“, „Виза“ и „Пеј Пал“ заедно.

Ова доаѓа откако кај три од најголемите криптовалути денеска беше забележан скок на цената до рекордни нивоа, само еден ден пред да започне јавното издавање акции на компанијата „Коинбејз“ (Coinbase), една од најголемите светски платформи за размена на криптовалути.

Цената на Биткоинот денеска надмина 64.000 долари, со што неговата вкупна вредност изнесува нешто преку 1,2 билиони долари. Неговата вредност порасна повеќе од илјада проценти само последнава година, што беше потпомогната и од објавите на компаниите како „Пеј Пал“ кои најавија дека ќе дозволат нивните корисници да ги користат овие валути преку нивната платежна мрежа.

Вчера беше забележан раст и на Етериумот, кој се продава по цена од 2,350 долари и Доџкоинот чија вредност е 0,13 долари.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.