Времеплов: „Google Earth“ со нова опција покажува колку е уништена планетата последниве 40 години (ВИДЕО)

Објавено на 19 април, 2021 во 07:53

google earth new

19.04.2021

Од 80-тите години на минатиот век Планетата Земја е побогата за нови три милијарди луѓе. Доколку ве интересира колку животната средина се променила од тогаш, тоа сега може лесно да се провери преку опцијата „Времеплов“ (Timelapse) на платформата „Google Earth“.

Новата опција дозволува да изберете било која локација во светот и да видите како се ширеле градовите, сечеле шумите, топел мразот и исчезнувале езерата. На тој начин сликовито може да се погледне колку глобалното затоплување и климатските промени влијаеле врз изгледот на Планетата.

Новата алатка е направена преку соработка на Гугл со НАСА, Европската вселенска агенција, Европската Комисија и Американскиот геолошки завод. Составени се видео-мозаици од целиот свет врз база на 24 милиони фотографии од пет различни сателити направени во период од 37 години – од 1984 година до минатата година.

Од левата страна на алатката постојат и веќе подготвени „времеплови“ за некои од највпечатливите предели кои се промениле во овој период. Од исчезнувањето на глечери на Алјаска, преку урбанизацијата во Кина и САД и влијанието на рударството и инфраструктурните проекти во Јужна Америка и Канада, па сè до сушењето на Аралското Море.

Од Гугл најавуваат дека опцијата „Времеплов“ ќе се ажурира секоја година за нејзиниот приказ да остане актуелен.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.