Кога е вистинското време за првото кафе во денот?

Објавено на 22 април, 2021 во 08:39

coffee

22.04.2021

Според Science Direct, повеќе од 85 проценти од луѓето секојдневно внесуваат кофеин, а повеќето најчесто пијат кафе во омиленото кафуле. Кафето се поврзува со утрото кога мора брзо да се разбудиме за да ги извршиме обврските коишто нè чекаат.

Можеби ќе ве изненади фактот дека вашето прво кафе и не е баш најдобро да се испие наутро. Според експертите, кафе треба да пиеме неколку часа откако ќе бидеме будни.

„Утринското кафе може да ви додаде малку нервоза во животот. Дефинитивно би требало да се откажете од пиење кафе веднаш по будењето“, вели нутриционистот Лаура Ципуло.

Тогаш, сигурно се прашувате кога треба да го пиеме првото кафе во денот?

Нутриционистот Ден Ридон го посвети животот на проучувањето како кофеинот влијае на различни личности. Тој вели дека сè зависи од тоа со која брзина вашиот организам го процесуира кофеинот.

Консумацијата на кофеин ја поттикнува работата на мозокот и така го олеснува започнувањето на денот, но претераното користење може да доведе до проблеми со сонот.

Kафето е одличен стимуланс, има позитивно влијание на здравјето на срцето и многу други придобивки. Па, според експертите, паметно е првата шолја кафе да ја испиете неколку часа по будењето. Не би требало да пиете кафе неколку часа пред да си легнете, бидејќи е стимуланс и може да останете будни, пишува Huffington Post.

Мите Јаначков

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.