Како се забавуваше Џеф Безос додека беше во вселената? (ВИДЕО)

Објавено на 23 јули, 2021 во 12:27

Според видео објавено на интернет, изгледа дека американскиот милијардер Џеф Безос добро се забавувал во текот на неговото патување во вселената.

Безос во вселената отпатува во ракетата New Shepard, а во таа прилика тој и останатите патници искусија и бестежинска состојба.

Веселата екипа добро се забавуваше со фрлање пинг-понг топчиња, фаќање бонбони и правење акробации.

Безос ја основа Blue Origin во 2000 година, а неделава имаше кратко патување во вселената во друштво на неговиот брат Марк, 82-годишната Воли Фанк која стана најстарата жена во вселената, како и со 18-годишниот Оливер од Холандија, победник на хуманитарната аукција, кој пак стана најмладата личност којашто отпатувала во вселената.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.