Lamborghini ги продал сите автомобили до 2024 година

Објавено на 25 август, 2022 во 10:45

Италијанскиот производител на спортски автомобили Lamborghini веќе го продал целото производство до почетокот на 2024 година, изјави директорот на компанијата за AFP.

Подружницата на Volkswagen има „голема побарувачка“ и нарачки за следните 18 месеци, рече Стефан Винкелман.

Богатите клиенти ги купуваат овие луксузни автомобили и покрај глобалните финансиски последици од руската инвазија на Украина, оценува АФП.

„Се повеќе се купуваат Volkswagen. Бидејќи имаат доверба во брендот, гледаат колку се убави автомобилите, а имаат и високи перформанси“, рече тој.

Глобалната економија треба само „да остане малку стабилна“ за да остане така, додаде Винкелман.

Долгото чекање на автомобилите се должи на недостигот на делови, особено на чиповите кои се потребни за новите електрични модели.

Lamborghini планира хибридна верзија на секој од своите модели до 2024 година, а првото целосно електрично Lamborghini во втората половина на деценијата.

Тоа е „многу за само две години“ и „работиме колку што можеме, најбрзо што можеме, за да бидеме во тек со настаните и да продолжиме сè да оди на позитивен начин“, рече Винкелман.

На почетокот на август Lamborghini објави дека го има најдоброто полугодие во својата историја, постигнувајќи рекордна продажба и профит. Оперативната маржа достигна 32 отсто, а оперативната добивка е 425 милиони евра од продадени 5.090 автомобили.

Ferrari исто така постигна рекордни резултати во вториот квартал и ја зголеми годишната прогноза, а неговите нарачки се рекордни.

Кон крајот на јули, најголемиот светски производител на луксузни стоки LVMH, исто така, објави дека постигнал скок во продажбата и профитот во првата половина од годината, и покрај неизвесното економско опкружување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.