Мудри совети коишто го променија светот и луѓето во 50-тите години на минатиот век, корисни се и денес
Суштински разлики постојат во воспитувањето на децата денеска наспроти во педесетите години на минатиот век, Сепак неколку совети за родители коишто можеле да се слушнат и тогаш и денес говорат за слични начини на воспитување.
Вашето дете да има редовна навика за спиење
Секој знае колку е доволно важен сонот, особено за децата кои растат. Многу промени се случуваат во сонот, затоа редовната навика е многу важна. Обидете се да направите распоред за спиење што вашето дете ќе го следи секој ден.
Води грижа за себе
Децата имаат потреба да им се смени пелена, да се нахранат, да се искапат и да се забавуваат, но за родители важно е временски тоа да го прават во исто време. Кога вашето дете спие, одвојте време за себе. Може да дремнете, да се истуширате или да започнете да читате книга.
Бидете родители на вашето дете, а не пријател
Секој родител го сака своето дете, но понекогаш не треба да бидете „кул“ и да се обидете да го натерате вашето дете да ве прифати како негов пријател. Ова може да значи дека детето ќе се обиде да направи некои работи што вие како родител не треба да му ги дозволите.
Родителите се бореле да бидат родители во 50-тите години на минатиот век и не се грижеле да станат пријатели со своите деца. Ова е совет што вреди да се практикува и денес и да ги поддржува децата и да ги води на вистинскиот пат.
Децата треба да се запознаат со бон тон
Децата треба да ги научат правилата на однесување. Тоа значи дека тие мора да знаат да кажат: „благодарам“, „молам“, „повели“ и „прости“. Тие мора да ги почитуваат постарите лица, особено членовите на семејството. Експертите советуваат децата од рана возраст да научат дека е пристојно да се покрива устата кога киваат или кашлаат.
Децата можат да грешат
Во педесеттите години од минатиот век, многу родители им дозволувале на своите деца да прават грешки и да научат важни лекции од нив. Овој совет и денес дел од родителите го практикуваат. И не грешат бидејќи му овозможуваат на детето да се грижи за себе. Тоа е добар начин децата да градат самодоверба. Затоа кога ќе направат грешка, не ги казнувајте туку разговарајте со нив и помогнете им нареден пат успешно да ја надминат дадената ситуација.
Децата не треба да пребираат
Никој нема да го остави детето да гладува, но детето понекогаш треба да биде во искушение да проба јадење што не му се допаѓа. Родителите треба да му објаснат на детето дека ова е ручекот за денес. Ако одбие, потребно е да му кажат дека не мора да јаде. Истиот оброк понудете му го и подоцна.
Родителите треба да бидат едноставни кон децата
Во денешно време, тешко е да се одолее на желбите на децата. Сè е на располагање, но на тој начин ќе го разгалите вашето дете. Не претерувајте со играчки и ограничете го времето што вашето дете го поминува пред екраните.