Мадона копа по дното, повторно задоцни на концерт
Објавено на 18 март, 2016 во 09:00
Неколку дена откако ги натера фановите да ја чекаат четири часа во дождот за концертотво Мелбурн, Кралицата на попот Мадона повторно задоцни за свое шоу во Австралија, овој пат во Бризбејн, пренесоа американските медиуми.
Концертот на 57-годишната пејачка во забавен центар во градот требало да започне во 21 часот по локално време.Мадона сепак излегла на сцената во 23,11 часот. Шоуто ѝ траеше до раните утрински часови.
Стотици лути фанови не го дочекале почетокот на концертот, ја напуштиле се салата и побарале да им бидат вратени парите за билетите
Претставници на центар за забава и на Мадона не одговориле на барањата за коментар.
Извор: Локално.мк