“Тој“ – Нова песна и спот на Каролина

Објавено на 28 октомври, 2012 во 12:00

Македонската поп ѕвезда Каролина Гочева на љубителите на нејзината музика им ја подарува „ТОЈ“ во нов аранжман и видео запис. Песната беше дел од нејзиниот албум „Зошто сонот има крај“ од 2001-ва година.

Како автори на песната се појавуваат Никола Перевски – Пере и Владимир Крстевски – Франц од Нокаут, а како режисер на спотот се потпишува Дарко Мораитов.

„Тој“ ќе се најде на компилацискиот албум на Каролина „Најубави песни“, кој ќе излезе во продажба на 19 – ти ноември, а веќе е познато дека таа ќе одржи концерт во универзалната сала на 22-ри декември.

Еве ја песната и спотот:

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=kNxWyT3duc0{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.