Повторно блесна Скопскиот Фестивал!
Во Македонската опера и балет во саботата вечерта се одржа возобновениот Скопски фестивал, Скопје Фест 2012. На прекрасната сцена блеснаа 18 пејачки имиња од македонската естрада придружувани од ревискиот оркестар на МТВ. На манифестацијата како водител се појави познатиот шоу мен Игор Џамбазов. Годинашното издание на Скопски помина без награди. Беше одвоен изборот на македонскиот претставник на Евровизија.
На сцената во МОБ се настапија Драган Мијалковски, Ристо Самарџиев, Верица Пандиловска, Ламбе Алабаковски, Елена Ристевска, Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Ѓоко Танески, Влатко Илиевски, Андријана Јаневска, Александра Пилева, Наде Талевска, Јана Бурческа, Александар Тарабунов, Бојан Стојков, Арија, Лаура Крлиу и Нико Георгиевски.
Публиката задоволна, пејачите исто така. Се надеваме дека и догодина ќе можеме да уживаме во вакви прекрасни композиции. Иако не смееме да бидеме пристрасни, но сепак си имаме фаворит, Ви го подаруваме настапот на Елена Ристеска и нејзната Не лажи ме:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=tI0panbmYWE{/youtube}