Седум лекции за Ријана

Објавено на 25 ноември, 2012 во 00:05

„Забавно мачење“ е резимена еден новинар за турнејата „777“ на која пејачката со себе поведе бројни претставници на медиумите.

 

Со цел да го промовира својот нов албум „Unapologetic“, Ријана организираше турнеја во седум градови, седум дена под наслов „777“, на која беа повикани претставници на медиумите како и одбрани фанови. Како идеја ова звучи совршено – ставаш многу луѓе во авион, ги водиш со себе на пат околу светот и ги сместуваш во скапи хотели, па уште можеат и да гледаат концерти. Дарежливо зар не ?

Искуството би било сјајно, ако првобиниот план би бил остварен, напиша Jeff Rosenthal, новинар во магазинот Rolling Stone, веднаш по една недела помината со патниците кои патуваа со ѕвездата. Тој издвои седум лекции кои Ријана треба да ги прифати.

1. Она што е премногу, не значи дека е подобро

Rosenthal се жали на доцнењето на авионот, автобусите, како и на самата пејачка која во Париз заминала да купува долна облека. Он кажува дека во авионот биле премногу новинари а премалку фанови.

2. Се е битно

Поголемиот дел од времето новинарите не знаеа дали Ријана е во истиот авион со нив. Триесет фанови на кои им е пружена единствена прилика да поминат време со ѕвездата, често не знаеа зошто и заминале на тој пат, зошто Ријана многу малку време помина со нив. Новинарот за телевизијата BET изјавува: „Поминавме три земји за еден ден. Но, не би ни приметил дека имам некој материјал за приказна, поради која и заминав на патувањето“

3. Дај им на новинарите некакво „месо“

Ако веќе со тебе носиш новинари, дај им некаква приказна да имаат за што да пушуваат, вели Rosenthal. На крајот испадна дека новинарите се занимаваа сами со себе и со грешките во организацијата, чувствуваа дека се игнорирани, им беше досадно, а често и поради доцнењето беа и гладни. Само првиот ден, во авионот беше пуштен новиот албум „Unapologetic“ и судејќи споредреакциите на медиумите, они очекуваа многу повеќе материјал од самата пејачка. Репертоарот на концертите беше сегде идентичен, што е добро за присутните фанови, но новинарите постојано рециклираа еден исти текст.

4. Прифати лудило

Една обожавателка ја пресретна менаџерката на Ријана на една журка по концертот во Столкхолм и и се пожали за третманот кој фановите го имаат – утредента сите ја славеа како херој. Исто така еден Австралијанец направи намерна гужва кога трчаше во авионот помеѓу седиштата, а оваа цела ситуација, менаџерката на Ријана ја игнорираше

5. Кога ќе се сврти бранот против тебе биди спремен на тоа

По „бунтувањето“ на обожавателите, тимот на пејачката организираше посета во позади сцената пре концертот во Берлин, каде можеа да ја видат храната која пејачката ја јаде пред и после концертот, гардеробата и тимот кој  е подготвен за настап. Но не и самата Ријана.

6. Превземи одговорност

Концертите сегде задоцнуваа, и пејачката беше принудена да се извинува, единствено не им се извини на новинарите за постојаното чекање и доцнење. Наводно, на еден претставник на медиумите му рекла : „Знам дека не добивте многу материјал, но морав да се однесувам добро. Невозможно е да се помине времето со сите, и многу ми е жал за тоа“

7. Никогаш немој да го правиш ова повторно! – заклучува Rosenthal во својот извештај

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.