Еве го видеото на Ла Манш!

Објавено на 13 декември, 2012 во 16:03

Велешката група Ла Манш, по 19 години пауза ви ја подаруваат „Среќна нова година“ а денес и со видео!

 

Како што пред некој ден ви ветивме, така и исполнуваме. Денес, на Дума.мк имате можност да го погледнете видеото за песната „Среќна нова гоидна“ на велешката група Ла Манш, која по 19 години пауза се врати на музичката сцена.

„Песната се роди сосема случајно. По распадот на групата, ние останавме пријатели и многу често се дружевме, споделувајќи спомени од тинејџерските години, кога активно настапувавме. На една таква средба, повеќе на шега, се договоривме да снимиме нова песна. Но, шегата стана стварност. Снимањето беше многу забавно и несекојдневно искуство. Беше интересно да се собереме во студио после толку години и забележавме дека жарот, кој го имавме пред дваесетина години, не исчезнал. Секој од нас има своја кариера, надвор од музичките води, сигурно не планираме сериозно да се занимаваме со музика. Но, кој знае што може да се случи во иднина“ – велат Боби, Роберт, Борче и Влатко.

Автор на песната е Роберто Панчевски а снимена е во студиото „Анастасија“ во Скопје, а овде можете да го погледенте и видео записот за истата:

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=qXgy2CBXeGs{/youtube}

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.