Еве го новото видео на Владо Јаневски!
Објавено на 14 декември, 2012 во 23:28
Поп пејачот Владо Јаневски пред две недели во студиото на „Томато Продукција“ снимаше спот за неговата песна „Булки“, а сега имате можност да го погледнете на Дума.мк.
Во спотот за „Булки“ е раскажана една емотивна приказна, во која поентата е дека жената никогаш не старее во очите на мажот. Главниот лик во спотот е синот на водителката Лила Филиповска, а спотот е во режија на познатиот Бане Поповиќ.
Погледнете го новиот спот:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=NM85X3dR8wM&feature=youtube_gdata_player|308|200|0{/youtube}