Ново видео и на македонската поп дива Калиопи !
Македонската дива, Калиопи, на своите фанови им подарува нова песна и видео за носечката нумера на нејзиниот следен албум под наслов „Мелем“. Автор на песната е нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил.
Видеото го изработи нејзиниот долгогодишен пријател и соработник Александар Ристовски – Принц, а истото беше снимено со нејзините најблиски пријатели и фанови кои се појавуваат како статисти во спотот. Видеото се снимаше во Порта Македонија, во Скопје. А еве што објавија Калиопи и Ромео за своите фанови на Фејсбук.
„Завршивме со снимањето на албумот „Мелем“ и презадоволни сме со материјалот. Секако сега Ромео го очекува уште работа во неговото студио во Швајцарија, како и мастерингот кој ќе биде завршно во Минхен“, вели Калиопи.
„Во исто време почуствувавме и тага кога ја завршиме последната песна од албумот, бидејќи со неа заврши и еден процес во кој уживавме сите во студиото“, кажа Ромео.
Па, драги посетители на Дума.МК ја имате таа чест премиерно да го погледнете спотот на Калиопи, за нејзиниот сингл „Мелем“, кој својата премиера ја доживеа на нејзината официјална фан страна на Фејсбук пред една минута. Уживајте!
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=XiWj0PSA8Nc|308|200|0{/youtube}
