Се е премалку за крај!
Објавено: 25 јануари, 2013, во 21:37 часот
„Да беше жив, денеска ќе имаше 32 години и можеби светска слава. Тоше Проески, роден на 25 јануари 1981 година во Прилеп, во Македонија сите едиции го отценија како еден од најпопуларните и најсакани пеачи на просторите на бивша Југославија“. Вака денеска пишуваат балканските медиуми за македонската музичка легенда.
Фановите ширум Балканот го одбележуваат неговиот роденден. Во родното Крушево дојдоа многубројни почитувачи кои како и секоја година му оддаваат почит на неговиот гроб.
На роденденот беше промовирана и неговата песна „Све је премало за крај“ за која е снимен и спот. Тоше песната ја сними во 2006 година а автор на текстот и музиката е Јелена Трифуновиќ додека аражманот е на Никша Братош.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=sVkxJt6SHZk|308|200|0{/youtube}

„Тодор Тоше Проески загина во 2007 година во сообраќајна несреќа близу Нова Градишка, Хрватска. Тоше беше еден од најпопуларните пеачи во цела бивша Југославија. Својата кариера ја започна со настапот на Мелфест каде ја отпеа темата „Усни на усни“ која го лансира во врвот на македонската музичка сцена, беше преставник на Македонија на Евровизија во 2004 година а една година претходно со темата „Чија си“ победи на Беовизија.
Истата година Уницеф го назначи за Амбасадор на добра воља и по тој повод ја подготви и испеа This World. Соработуваше со многу познати музички имиња од просторите на бивша Југославија“, потсетија во денешните изданија повеќе печатени и интернет медиуми .
Концертите на Тоше беа посетени од илјадници луѓе. На концертот во Украина собра 50 илјади посетители. Тоше не успеа да го издаде албумот на англиски јазик подготвен за потребите на лондонскиот МTV.
Тоше Проески беше амбасадор на UNICEF. Во негова чест годинава ќе биде издадена книгата „ Ова не е крај“ чиј автор е Соња Алексовска Неделковска.

