Денес започнува продажбата на влезниците за турнејата на Бијонсе!
Објавено: 5 февруари, 2013, во 23:39 часот
Пред само неколку денови фановите се израдуваа на информацијата дека поп дивата Бијонсе ќе ја започне својата голема светска турнеја и тоа во соседна Србија, поточно во Белград, а денес имаат уште една причина за славење: денес започнува продажбата на билетите за сите концерти предвидени на турнејата која го носи насловот „The Mrs. Carter Show“ по презимето на сопругот на пејачката.

Продажбата на влезниците за членовите на фан клубот на Бијонсе ќе започне денес(06.02.2013), од 16 часот. Тоа ќе биде еден вид предпродажба, и ќе трае до 10ти февруари, додека регуларното продавање ќе започне на 11ти февруари.
Она што ги интересира фановите од Македонија се цените на влезниците на концертите во најблиските држави, поточно во Србија и Хрватска.


Како што јавуваат медиумите во Србија, а и според информациите на официјалната страна на Комбанк арената во Белград, цените на влезниците за концертот во Белград се движат од 2700 до 5900 српски динари и истите ќе може да се нарачаат преку интернет на www.eventim.rs .
Според медиумите во Хрватска цените на билетите за концертот во Загреб се движат од 200 до 800 хрватски куни, за ВИП ложата.

Последната турнеја на Бијонсе беше неверојатно успешна и се најде на прво место на Билбордовите листи за најуспешни турнеи. I am … турнејата ја виделе преку 1.1 милиони фанови, а опфатила повеќе од 100 настапи во 32 земји ширум светот.
Бијонсе е една од најпознатите и најпочитуваните уметници во поп културата. Пејачка,глумица, успешна деловна жена, која до сега има четири соло албуми на врвот на топ листата на најпродавани албуми, преку 75 милиони примероци ширум светот.

Китичарите константно упатуваат пофалби за нејзините енергични настапи кои со нејзиниот личен стил изгледаат совршено.Нејзиниот труд е награден со многу признанија вклучувајќи 16 Греми награди. Билборд ја именуваше за најдобар женски изведувач и најизвонреден изведувач во овој век.
По повод кариерата на Бијонсе на HBO телевизија на 16 февруари ќе биде промовиран и документарен филм за нејзината кариера.
Иако Бијонсе нема да ја посети Македонија, ова е настан што не смеете да го пропуштите!
За крај уживајте во последниот, извонреден настап на Бијонсе на натпреварот „Super Bolw“:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=KJl7mIquOcA|308|200|0{/youtube}


