Дани во соработка со музичари од Египет и Каиро, слушнете како звучи!

Објавено: 6 февруари, 2013, во 16:27 часот

Karim Kamel/Egypt, Si Lemhaf/Tunis и Дани – сите тројца амбасадори на Y-Peer светска мрежа за борба против сида, направија уметничко дело. Песната има арапски карактер, здружувајќи ги нивните традиционални инструменти и ритам, но затоа Дани и дава модерен шарм и моќност на истата изразувајќи го нашиот односно европскиот лик и темперамент.

Песната никого не остава рамнодушен поради силната порака која ја носи таа, особено кога во Каиро владее брутално насилство врз жените, агресија, протести и нетрпение. Аранжманот е на Si Lemhaf- Ултра популарен бенд од Тунис, музиката заедничка, а Дани е одговорна за својот дел.

Песната ја создаваа заеднички во Каиро во јули минатата година. Видеото е снимено во Каиро во периодот на големата револуција – ноември 2012-та.

“Never Give Up” има огромно значење за сите тројца артисти истовремено, секој засегнат на свој начин.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=LsIBy8Q7JQ4{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.