Ролинг Стоунс тргнуваат на турнеја по Северна Америка

Објавено: 23 март, 2013, во 13:52 часот

Ролинг Стоунс тргнуваат на голема турнеја по Северна Америка, во организација на компанијата „AEG live“.

Истата компанија требаше да го организира и последниот концерт на Мајкл Џексон наречен „This Is It“, но тој никогаш не се одржа поради ненадејната смрт на пејачот. Се уште не се познати градовите и салите во кои ќе свират рок ветераните, но rollingstone.com пишува дека тие ќе добијат по 4 милиони долари за секој од планираните 18 концерти.

Турнејата ќе започне на 2. мај. Стоунс во јули ќе свират и во лондонскиот Хајд Парк, а можно е на учествуваат и на неколку европски музички фестивали.

Турнејата ќе биде прва за групата по пауза од полни шест години. На крајот на минатата година Стоунси одржаа неколку концерти по повод 50-годишнината од постоењето на бендот и тоа во Лондон, Њујорк и Њу Џерси.

Неофијално се најавува дека старите мајстори ќе бидат хедлајнери и на британскиот фестивал Гластонбери во јуни.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.