Песна за Тоше Проески

Објавено: 27 април, 2013, во 13:19 часот

Басистот на Тоше Проески, Трајко Симоновски – Таци напиша песна за него во која како последен поздрав му посака „Убав сон“.

Песната е напишана во јануари 2008, неколку месеци по смртта на Тоше  и е комплетно дело на Таци, кој воедно е и продуцент, а како гостин – пејач, се јавува Ексклузивката на Горила продукција Сара Мејс.

Матрин Вучиќ ги снима тапаните, Сашко Николковски – Сале (клавијатуристот од бендот на Тоше) ги отсвирува клавијатурите, придружни вокали пее  Нина Јанева , а мастерингот е на Валентино Скендеровски./В.Р

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=mpOk_x3g_Xg{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.