Димитар Андоновски со акустична верзија на „Свој на своето“
Објавено на 30 април, 2013 во 15:00
По прекрасниот концерт исполнет со византиска и духовна музика, Димитар Андоновски на своите фанови им ја подарува акустичната верзија на неговата енергична, рок песна „Свој на своето“.
Песната со текст на Марко Маринковиќ Слаткар, е дело на Лазар Цветкоcки, во чие студио и се снимаше новата верзија. „Свој на своето“ доби и специјален видео запис за новата unplugged верзија. Спотот е уште еден производ на режисерот Владимир Дади Ивановски, а се снимаше во студиото „Мечкаров“.
Слушнете како звучи „Свој на своето“ во акустична варијанта./В.Р
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=AyTFxyoiuKE&feature=player_embedded{/youtube}