Т`к Так Фест во Кавадарци со второ издание!

Објавено на 15 мај, 2013 во 08:48

Градот Кавадарци и Домот на културата интензивно се подготвуваат за овогодишниот Т`к Так фест кој ќе се одржи на 7 и 8 јуни.

Очекуваат дека ќе го надминат успехот од минатата година, кога на градскиот стадион над 12.000 посетители уживаа во прекрасната рок музика. Организаторите велат дека со масовноста ќе придонесат кон ширињето на рокенрол културата, што беше и една од водилките на патронот на фестивалот, прерано починатата рок легенда Трајко Каров.

 

Новите бендови кои покрај тоа што ќе имаат можност за себе промоција, ќе се борат и за наградите кои вклучуваат аудио и видео продукција на победничките синглови, како и Гран при наградата за најдобар тапанар која традиционално ја доделува семејството Карови, и истата изнесува 30000 денари. Пријавувањето сеуште е во тек.

Годинава фестивалот ќе се оддржи на фудбалското игралиште во спортскиот центар Јасмин, а вљубениците во рок музиката ќе имаат можност да уживаат во настапите на легендарните македонски рокери кои заедно со легендарниот кавадаречки бенд „Токму Така“ ќе бидат дел од првата фестивалска вечер, додека во втората вечер покрај младите рок надежи ќе ги видиме Ареа, Вертиго и Визија./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.