Спот на дуетот Северина Коиќ и Горан Каран
Објавено на 7 декември, 2015 во 18:08
Северина сними спот со Гаран Каран за љубовната балада „Шта је свит“ од мјузиклот „Наша била шторија“.
Песната е, всушност, разговор на главните јунаци на мјузиклот, убавата Ана и младиот фудбалер на Хајдук Дује. Спотот е сниман во Сплит, каде што се родени и Севе и Горан и претставува една од најубавите разгледници на тој град.
– Песната „Шта је свит“ може да влезе во кој било цртан филм на „Дизни“. Убава, едноставна, емотивна, песна „за секогаш“ – рекла Северина по завршувањето на снимањето на спотот.
Спотот можете да го видите на овој линк https://www.youtube.com/watch?v=LPPm2avJvjs