Привршува снимањето на серијата „Тома“, фановите нетрпеливи
Импресиите од филмот за легендарниот Тома Здравковиќ и по година и пол од премиерата не стивнуваат. И се чини дека трогателната приказна за животот на Здравковиќ повторно ги заживеa неговите бројни хитови ширум поранешна Југославија.
Филмот „Тома“ е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ (Милан Мариќ) кој ги прикажува неговите почетоци, како и врвот на славата, неговата љубов која го инспирирала да ги компонира некои од најголемите хитови, како и неговата врска со многу пријатели кои ги имал во уметничкиот живот во Југославија.
Покрај животот на Тома, преку филмот ги следиме животите и на познатите уметници од тоа време – Зоран Радмиловиќ (Радомир Николиќ), Мајк Антиќ (Марко Јанкетиќ), Тозовац (Иван Зекиќ) итн.
Српскиот режисер и актер Драган Бјелогрлиќ откри за босанските медиуми откри дека се снимаат последните кадри од серијата „Тома“. Откако истоимениот филм за легендарниот фолкер Тома Здравковиќ ја воодушеви публиката во регионот, на ред дојде серијата, а на социјалните мрежи кружат фотографии од сетот во Башчаршија.
Актерот Милан Мариќ, кој го толкува ликот на Тома, за време на сетовите бил мета на фановите кои сакале да се фотографираат со него. Како што пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина, серијата ќе има 10 епизоди.
Улогата на Силвана Арменулиќ ја толкува Тамара Драгичевиќ, а учествуваат и Петар Бенчина, Мирјана Карановиќ, Андрија Кузмановиќ, Слободан Бода Нинковиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ и други.
Дума.мк