Серијата во која главна ѕвезда е Зеленски е повторно достапна на Нетфликс

Објавено на 17 март, 2022 во 15:06

„Слуга на народот“, (Servant of the People) сатирична серија која ја започна политичката кариера на украинскиот претседател Володимир Зеленски, повторно е достапна за гледање на Нетфликс.

Серијата беше достапна на платформата за прв пат од 2017 до 2021 година, а челниците одлучија да ја вратат денес.

Од почетокот на руската инвазија, интересот за серијата вртоглаво се зголеми, а првата телевизиска куќа што ги купи правата за емитување, проценети на околу 1 милион евра, беше британската Канал 4.

Според нивните податоци, повеќе од 100.000 луѓе го гледале Зеленски во улогата во која денес се наоѓа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.