Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“?
Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“?“.
Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.
Sweet Tooth – Серија на „Netflix“
Десет години откако една вирусна пандемија, го збриша најголемиот дел од човечката популација во светот, започна мистериозно појавување на хибридни бебиња кои се половина човек, половина животно. Несигурни дали хибридите се причина или резултат на вирусот, многу луѓе стравуваат и ги ловат. Хибридот Гус, полу човек-елен, живее во пустината со неговиот татко – кој умира кога Гус има девет години. Тогаш тој е принуден да се впушти во една опасна авантура и да се обиде да преживее.
I Used to Go Here – Филм на „HBO“
По промовирањето на нејзиниот нов роман, 35-годишната писателка Кејт е поканета да зборува за нејзината „alma matter“ од нејзиниот поранешен професор. Откако ќе ја прифати поканата, Кејт се наоѓа „заплеткана“ во животот на група студенти.
The Paramedic – Филм на „Netflix“
Анхел работи во служба за брза помош. Откако ќе претрпе сериозна несреќа, неговиот личен живот почнува дополнително да се комплицира. Опседнат со идејата дека неговата партнерка му е неверна, неговиот живот ќе се претвори во пекол.