Спреј или крема за сончање, што е подобро?

Објавено на 8 јули, 2021 во 14:36

Во текот на летните месеци, потребно е да се користи некаква заштита од штетно УВА и УВБ сончево зрачење. Прекумерното изложување на овие штетни зраци ја оштетува вашата кожа и доведува до брчки, дамки, а исто така може да предизвика рак на кожата. И што е подобро да се користи – крема или спреј за сончање?

Без разлика дали ќе се одлучите за крем или спреј, проверете дали сте земале производ со висок заштитен фактор, SPF 30 или 50.

Спреј за сончање е многу полесен за нанесување на телото, трае помалку време и создава помалку неред. Но, се верува дека лосион или крем даваат поголема заштита отколку спреј. Кога користиме лосион или крема за сончање, треба да ги триеме овие производи додека кожата не ги апсорбира. Од друга страна, спрејот може да се прска врз кожата и да се остави да делува така, без нашата кожа да апсорбира целосно.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.